Изминатава недела, спроведена е дисциплинска постапка против 35 вработени во Министерството за внатрешни работи.

На 22-ца вработени, изречени им се парични казни во износ од 10 до 15 отсто од месечните плати,  поради сторени повреди на работното место. Меѓу нив се и оние кои униформирани се појавиле во ноќните клубови вон работно време, а загрижува фактот што неколкумина биле под дејство на алкохол за време на извршување на должноста нарушувајќи го јавниот ред и мир. На еден полицаец изречена му е мерка улсловен отказ откако се степал со колегата за време на работа, а казни има и за таквите кои спиеле на работното место.

Согласно одредбите од Колективниот договор, министерството и во иднина ќе ги казнува своите вработени кои ќе сторат повреди за време на извршување на должноста, информираат оф МВР.

OhridNews