За сите активности кои се предвидени за локалните избори да течат во најдобар ред, Министерството за внатрешни работи формира Оперативен штаб со одлука на ресорниот министер.

Исто така, потенцирано е дека вработените во ова министерство не треба да се ставаат во функиција на политичките партии вон работното време, како не би го нарушиле угледот и регуларноста на кампањата. Доколку некои од нив ќе учествуваат на вакви настани, предвидени се строги дисциплински мерки.
На денот на изборите, во секторите за внатрешни работи ќе бидат распоредени припадници на СВКПС, кои за секои непрофесионално постапување на полициските службеници ќе преземат соодветни мерки.
OhridNews












