Новите 100 полициски возила „Шевролет Спарк“ од добавувачот “Авто Македонија“, денеска ќе бидат промовирани во Министерството за внатрешни работи по тендерската постапка во јуни годинава, објави „Курир“.
Според овој медиум, цената на возилата во полициска изведба (односно четири резервни гуми, сингален уред за звучна и светлосна сигнализација, како и сервисирање на возилата за наредните три години додека трае договорот), изнесува 45.353.800 денари, а новите возила главно ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи.
OhridNews