Двајцата вработени во Министерството за внатрешни работи кои за време на партиската конвенција на СДСМ во Куманово со нож го повредија директорот на охридското јавно претпријатие „Комуналец“, Сашо Алче,  во моментот на извршување на делото биле на боледување, пренесува „Курир“.

Како пренесува овој медиум, двете лица кои учествувале во нападот, се наоѓале на боледување, а најверојатно истото го злоупотребиле.

Истите биле приватно, односно по сопствена желба на партиската конвенција, а не на задача. По нив се трага и против нив ќе бидат процесуирани соодветни пријави.“  – се вели во соопштението од МВР.

Во текот на вчерашниот ден, првиот човек на „Комуналец“ изјави дека во Куманово бил нападнат од две лица, а инцидентот немал никаква поврзаност со конвенцијата на СДСМ, бидејќи немилиот настан се случил надвор од неа.

За жал, тие се вработени во Министерството за внатрешни работи, што дава особено лош впечаток на целиот тој настан. Лицата не беа униформирани, меѓутоа ги покажаа значките кога обезбедувањето се обиде да ја смири ситуацијата. Јас сум добар, а ниту една витална фунцкија не ми е загрозена. “ – вели директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче.

Инаку, „Телма“ неодамна објави, дека станува збор за полицајци, од кои едниот бил избркан од работа во јануари 2008 година откако физички нападнал ракометари на „Металург“, но откако го тужел МВР со судска одлука бил вратен на работа. Вториот пак, неколку пати бил санкциониран парично или суспендиран од работа. Напаѓачите се во бегство, а полицијата подготвува кривична пријава против нив.

OhridNews