„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ апелираат од МВР во насока на безбедни матурски прслави.
Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот, посочуваат.
Одговорноста, велат од МВР, за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.
Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални, апелираат од МВР.
OhridNews