МВР со детали за вчерашната несреќа на патот Охрид-Ресен.

На 23.05.2022 во 13.40 часот на магистрален пат А3 Охрид-Ресен пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 58 годишно лице од с.Грнчари, ресенско во кое сопатничка била 53 годишна жена од с.Грнчари, ресенско, патничко моторно возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40 годишно лице од с.Мислодежда, струшко и патничко моторно возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58 годишно лице од Битола, се вели во соопштението.

Сопатничката од првото возило и возачот на третото возило се пренесени во Специјална болница „Св. Еразмо- Охрид“ каде им се констатирани повреди, а кај возачот на првото возило во Општа болница Охрид се констатирани тешки телесни повреди, додаваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews