МВР со детали за вчерашниот немил настан во Охридското Езеро, кога безживотно тело беше извадено од водите на езерото.
На 28.08.2021 во 07,30 часот во СВР-Охрид, 34 годишно лице од Скопје пријавил дека во водите од Охридското Езеро на ул.„Кеј Македонија“ кај малото пристаниште забележал тело. Констатирано е дека се работи за 66 годишно лице од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош, информираат од МВР.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција, се вели во соопштението од МВР.
OhridNews











