Од министерството за внатрешни работи со појаснување околу зимската опрема која од денес па се до 15- ти март наредната година мора да ја поседуваат возачите на сите моторни возила и работни машини кои учестуваат во сообраќајот на патиштата надвор од населени места.

–    Согласно Правилникот за уреди и опрема, под зимската опрема за моторните и приклучните возила како и работните машини, се подразбира поседување на пневматици (гуми) за зимска употреба (М+С) на погонските тркала или радијални пневматици на сите тркала со летен профил, на кои длабината на шарите на спојот што гази по обем и ширина мора да изнесува 4 мм, но притоа во возилото да има и синџири за погонските тркала. Доколку возилото има летен профил на пневматици, задолжително треба да има синџири за снег на погонските тркала, потенцираат од СВР- Охрид.

Под поседување на пропишана зимска опрема во автобусите и тешките товарни возила се подразбира, покрај поседувањето на горенаведената зимска опрема во истите треба да има и лопата.

Според пропишаните законски одредби, забрането е на моторните возила да се поставуваат пневматици со клинци.

Согласно одредбите на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  глоба од 15 евра во денарска против вредност во мандатната постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите на Законот односно кој во наведениот временски период не поседува пропишана зимска опрема.

OhridNews