И покрај информациите од СВР Охрид дека новогодишната ноќ во Охрид минала без нарушувања на јавниот ред и мир, од МВР со информација дека едно лице било повредено со нож.

Инцидентот се случил околу 2 часот во кругот на основното училиште „Братство и Единство“, лоцирано на улицата „7-ми Ноември“, кога непознато лице со остар предмет му нанело повреда на 20-годишно момче од Охрид, во пределот на слабината, рана околу 7-8 см.

Истиот е задржан на лекување во охридската Општа болница. Се работи на расчистување на случајот.

OhridNews