Граничната и Шумската полиција – Струга во заедничка акција откриле камион кој превезувал огревно дрво без соодветни документи. Камионот со кој биле одземени дрвата му е одземен на сопственикот, а одеземени се и дрвата кои се складирани во подружницата на Национални шуми.
Во заедничка акција на Граничната полиција со Шумска полиција – Струга е контролиран камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз. За сторителите поднесени се соодветни пријави до соодветните институции, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен од сопственикот, дрвата се одземени и складирани во подружницата на Национални шуми во Струга, информираат денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

OhridNews












