Поради ниските температури најавени за идната недела, министерството за здравство, упати препорака до образовните установи- навреме да ги преземат потребните мерки за затоплување на просториите каде децата престојуваат и ја следат наставата.

Истата препорака се упатува и до социјалните установи, како и да се посвети поголемо внимание за згрижување на постари лица и бездомници.

Надлежното министерство со препорака и до претпријатијата- да се обезбдедат топли простории, а за работниците кои работат изложени на ниски темепартури да се направи посебен режим на работа и на сите лица кои работаат на отворено или во екстермно ладни услови да им се овозможат топли напитоци и почести паузи во топла просторија.

Од министерството со апел до граѓаните за време на студениот бран да ги почитуваат претходно дадените препораките за заштита на здравјето- да не се излегува од дома без поголема причина, особено постарите и хронично болни лица, како и редовно земање на терапијата од матичниот лекар, носење топла и сува облека, престој во топла просторија, пиење топли напитоци, избегнување алхохолни пијалаци, како и посветување поголемо внимание при движење, заради можност за повреди и скршеници од лизгавите површини.

OhridNews