Случајот со дивоградбите на инвеститорот ИВИРЕ  во Трпејца не е завршен, стои во писмениот допис на месната заедница од Трпејца до министерството за транспорт и врски, односно државниот градежен инспекторат.

– Решението  и заклучокот од јули минатата година кои поради неизвршување од страна на локалната власт ги презедовте во ваша надлежност не ги реализиравте до крај. Срушен е само еден објект на ИВИРЕ којшто беше дополнително граден и за кого имаше решенија и заклучоци за рушење. Дивоградбата надградена и врз сомнително купените 90 метри квадратни и на државен имот ( купопродажба за која се заинтересира и Одделението за стопански криминал при СВР – Охрид )   остана заградена со жолта лента . Претходно  сопственикот од третиот кат и дивите проширувања ја извади столаријата, прозорци и врати за по три недели да врати дел од нив на старото место.  Месна заедница од село Трпејца јавно прашува и бара одговор: Зошто  Државниот градежен инспекторат прекина со рушењето и кој му дозволува на сопственикот на ИВИРЕ повторно да ја обновува градбата, се наведува во дописот.

Од месната заедница на Трпејца бараат во целост да се постапи по решението и заклучокот за рушење на дивоградбите на ИВИРЕ  во Трпејца и да се наложи просторот да се врати во првобитна сосотојба.

OhridNews