Министерството за животна средина и просторно планирање официјално ја започна првата фаза од реконструкцијата и замената на главната водоводна мрежа од азбестни цевки во градот Струга.

Само во првата фаза ќе се инвестираат околу 90 милиони денари, односно 1,5 милиони евра, со кои ќе се подобрат хигиенските услови и ќе се намали ризикот од штетни азбестни влакна. Оваа интервенција е дел од нашата стратешка заложба за здрава животна средина, изјави министерот Меџити.
Реконструкцијата ќе трае 12 месеци и ќе опфати 6,2 километри водоводна мрежа, вклучително и главната улица и 13 краци низ урбаниот дел на Струга.
Проектот има за цел заменa на старите и ризични цевки со безбедни, современи материјали, унапредување на водоводната инфраструктура, подобрување на ефикасноста и капацитетот на системот за водоснабдување, посочи вицепремиерот Меџити.
Оваа инвестиција, додаде, е само дел од пошироката визија за одржлива урбана средина, со фокус на јавно здравје, безбедна вода и модерна инфраструктура.
OhridNews












