Од министерството, ја информираат јавноста дека се преземаат активности за спас на рибниот фонд преку преселување на соодветни локации.
Концесионерот на Слатинското Езеро, ЗРРСК „Свети Апостол Петар“, вчера информираше дека нивото на водата на Слатинско Езеро за околу месец дена се намалило од девет метри на само околу еден метар длабочина.
-Водата со несмален интензитет се уште истекува низ браната, така да ни затварањето на испусниот вентил не придонесе да престане намалувањето на нивото на акумулацијата, кое дневно опаѓа за околу триесетина сантиметри, предупредуваат од ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ – концесионер на рибниот фонд за рекреативен риболов на „Слатино“.
Поради опасноста од уривање на оштетената брана воведена е забрана за риболов на Слатинско Езеро.