Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.
Белчишко Блато претставува значајно влажно живеалиште со висока биолошка разновидност лоцирано во општина Дебрца, и е важно за зачувување на ретки и загрозени растителни и животински видови од национално и ЕУ значење, како и за одржување на природната рамнотежа и екосистемските услуги на регионот. Водено подрачјето е веќе идентификувано како идно Натура 2000 подрачје, потенцнираат од Министерството.
Во постапката поврзани со изработка на предлог Законот, велат, се предвидени следните активности:
- Јавно известување кое се објавува на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) и на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на РСМ Македонија (http: //www.ener.gov.mk/).
- Рокот за јавни консултации со засегнатите страни и граѓаните на Република Северна Македонија за доставување на коментари, мислења и предлози трае 20 дена од денот на објавувањето на содржината на предлог на законот на веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи.
- Во текот на постапката може да бидат организирани директни консултации и состаноци со засегнатите страни како и јавна расправа доколку е потребно.
- Забелешките, мислења и предлози за предлог текстот на Законот може да се достават електронски на меил адресите: Билјана Тешева Ѓорѓиевска: [email protected], Влатко Трпески: [email protected] и Кузман Куновски: [email protected] .
- Воедно, забелешките, мислењата и предлозите по предлог текстот на Законот може да се дадат и на веб порталот ЕНЕР (http: //www.ener.gov.mk/).
Учеството на јавноста е од особено значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко Блато, која ќе ги земе предвид природните вредности, но и интересите на локалното население. Министерството ги охрабрува сите засегнати страни да се вклучат и да придонесат кон заедничка цел – зачувување на природното наследство за сегашните и идните генерации, потенцираат.
OhridNews












