МЗТ Скопје го совлада Работнички со високи 78-58 во вечното дерби во кое беше потврдена апсолутната доминација на домаќините.


“Штрковите“ понесени од френетичната атмосфера на трибините од самиот старт го полнеа кошот на “момците од Градскиот Парк“ и на крајот застанаа на плус дваесет.

Кај “металците“ најпрецизен беа репрезентативниот центар Тодор Гечевски со 19 поени и Огнен Стојановски со 18 поени. Најпрецизен на мечот со 21 поен беше кошаркарот на Работнички, Јелисављевиќ.

Актуелниот првак Фени Индустри лесно се справи со Куманово победувајќи со 101 – 67.

М.П.