МЗТ Скопје славеше на гостувањето кај Работнички , и по киксот на лидерот Фени во Куманово се искачи на врвот на табелата во кошаркарската супер лига.

Најголемото македонско кошаркарско дерби им припадна на “металците“ кои со подобра игра во вториот дел од мечот прво го анулираа водството (46-36), од 19 поени разлика (88-69).

 – Две дијаметрално различни полувремиња. Едно во кое игравме катастрофално лоша одбрана и примивме 46 поени и друго во кое примивме само 23 коша. Сметам дека одбраната на крајот го реши натпреварот. Во првото полувреме имавме и некои тактички грешки, но немаше нервоза на паузата. Знаевме што треба да одиграме во продолжението и го направивме тоа. Игравме пострпливо, повеќе напаѓавме во рекетот и тоа донесе резултат – рече тренерот на МЗТ, Александар Тодоров.

Во поразениот табор, причината ја бараат во тенката клупа и невозожноста да се одговори во ротацијата.

Лесно може да се види дека додека имавме сила, игравме изедначен натпревар и дури имавме и водство. Некаде до 25-та минута игравме добро, но потоа паднавме на кондиција. Тешко можат седум играчи да одржуваат исто темпо цел натпревар, особено не против екипа каква што е МЗТ. Немаме доволно ротации, немаме доволно свежи играчи за да одговориме на високиот ритам кој го наметна МЗТ- вели Марјан Лазовски , тренерот на Работнички.

На останатите два меч, изненадувачки впо продолженијата Фени Индустри беше поразен на гости кај Куманово со 92-88 , (78-78) во регуларниот дел. По овој триумф кумановци остануваат во трка за четвртата позиција која води во разигрувањето за титулата.

Торус СЦБТ беше поуспешен од Лирија со 78-73

Табела : МЗТ Скопје 31, Фени 31, Торус 29, Лирија 27, Куманово 25, Работнички 24.

Наредно коло : Фени – Работнички, МЗТ Скопје – Торус, Лирија – Куманово

М.П.