Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје ја освои титулата во Купот на Македонија, откако во финалето со 76-67 го совлада „вечниот“ ривал Работнички.

„Плаво-белите“ со триумфалниот марш на завршниот турнир во Кавадарци се изедначија со Работнички кој долго време со 9 титули беше водечки состав.

Финалниот натпревар понуди квалитетна кошарка и возбуда до самиот крај. „Штрковите“ имаа повеќе контрола на резултатот, но „црвено белите“ не потфрлија и со отворен гард им се спротиставија на лутиот ривал.

Во најава на машкото финале во женското победи Вардар против Бадел и ја одбрани титулата освоена исто така во Кавадарци.

Фото: Гол.мк
OhridNews