Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнало во Крушево, 41 литар на метар квадратен, по што следи Охрид каде наврнале 26 литри на метар квадратен, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени.

Во недела не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, поизразен во западните делови.

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 6 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени.

Г.М.