Најмногу дожд 28 литри на метар квадратен во изминатото деноноќие наврна во Охрид, 25 литри во Битола, 22 во Крушево, 19 во Дебар, 10 во Прилеп, шест во Демир Капија, пет во Гевгелија, а четири литри во Скопје, информираат од УХМР.

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -6 степени, во Маврово е -3, во Скопје плус четири и најтопло во Гевгелија со шест степени.  Во Охрид беа измерени 2 степени.

Во Крушево има снежна покривка од 13 сантиметри, во Маврово три, а на Попова Шапка два сантиметра.

Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи имаше во југозападните делови. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

OhridNews