На 27 декември 2025 година, ќе се одржи 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знакот на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор.

Бендот на „Зимска бајка“ составен од врвни музичари од Охрид и земјата, придружувани од гудачки квартет, дувачка секција, хор и аудиовизуелни ефекти, со изведувачите Драган Василески – Пајо, Емилија Колоска и специјалниот гостин на шоуто Ристо Самарџиев, ќе изведе дел од најпопуларните забавни рефрени.

Домаќини на шоуто се единствените, оригинални и уникатни браќа, познатите охридски актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“, чиј авторски материјал ексклузивно и премиерно се подготвува и изведува само за овој настан.

„Зимска бајка 2025“ и оваа година ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ na 27.12. со почеток во 20 часот.

Повеќе детали за шоуто, како и информации поврзани со продажбата на картите, организаторот ќе објави во наредните денови.

OhridNews