Вечерва ќе се одржи 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знакот на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор.

Домаќини на шоуто се единствените, оригинални и уникатни браќа, познатите охридски актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“, чиј авторски материјал ексклузивно и премиерно се подготвува и изведува само за овој настан.
„Зимска бајка 2025“ и оваа година ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.
Манифестацијата „Зимска бајка 2025“ е поддржана од Општина Охрид и општествено одговорни компании. Нaстанот и оваа година има хуманитарна нишка. Во соработка со локалните лајонс клубовите од градот и Црвениот крст – Охрид, ќе биде реализирана Божиќна хуманитарна акција за поддршка на социјално загрозени семејства во општината.
Картите кои во ограничен број беа пуштени во продажба беа распродадени за 24 часа.
OhridNews











