На 15.08.2025 во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишено од слобода е 62-годишно лице од Гостивар.
По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Посочуваат дека тој е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Гостивар“.
OhridNews