Сезоната на блинкер на влечење во водите на Охридското Езеро, започнува на 1-ви мај. Блинкерот ке биде дозволен од 1 мај до 30 ноември секој месец од 1 до 15 во месецот и државни празници. Влегувањето ке биде во 05.00 изутрина а излегувањето во 12.00 часот на пладне.
За лов на пастрмка и белвица од пловен објект може да се употребува блинкер на влечење со најмногу два стапа од страните на пловниот објект со врзани најмногу седум блинкери на секој риболовен стап. Секоја риболовна дозвола има право на еден риболовен стап, информира концесионерот на Охридското Езеро, „Пастрмка 2012“.
Дозволен дневен улов за рекреативен риболов на охридска пастрмка изнесува три примероци а на охридска белвица четири примероци но вкупниот дневен улов на двата вида не треба да надмине четири килограми.
Рекреативната дозвола изнесува 800 денари и се издава кај стара барака Гранит на улица кеј Маршал Тито бр.120 во просториите на “Пастрмка 2012“ за подрачјето на Охрид а за Струга кај Градскиот пазар во рибарница “Летница- Белвица“.