На 11 Октомври, по повод 20 годишнината на АДОРА и 10 годишниот јубилеј на АДОРА Инженеринг, на Денот на востанието на Република Македонија, градежната компанија рангирана на 20 место по успешност за 2011 година, ќе го отвори новиот елитен станбен објект Скопје-Под Водно, непосредно до МВР, во срцето на метрополата, под падините на Водно.
Овој капитален објект, со вкупна инвестиција од околу 30 милиони евра е изграден на девет катови, со два влеза и модерен подземен парктинг на две нивоа, фотоволтаичен систем за заедничко осветлување, без сметка за струја и хортикултурно уредување. Становите што се изграден според најновите светски стандарди за квалитет и енергетска ефикасност, со висока изолација и термо фасада, на станарите ќе им штедат енергија и пари, со намалување на трошоците за греење и ладење од 50 до 80 проценти, што е посебно важно за заштеда на природните енергенси, како и во време на криза, кога стандардот на граѓаните постојано се намалува, информираат од компанијата.
Станбениот објект Скопје-Под Водно ќе биде отворен со специјални промотивни и хуманитарни содржини.