На 13-ти март, петок, актерите од охридскиот Народен театар ќе ј аизведат претставата „Аналфабет“, комедија работена според текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Почеток на претставата е во 20.00 часот, телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.
OhridNews












