Фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ ќе се одржи во Спортскиот центар „Kлимент Колески“ во Охрид во организација на „Sport Brothers“.
Турнирот ќе започне на 14 февруари, а завршните натпревари ќе се одиграат на 19 април. Натпреварите ќе се играат секој викенд, во сабота и недела.
На турнирот ќе учествуваат 8 екипи, сите од Охрид:
- АСП ПАК
- МАГНА
- KOСТАЛ
- ТАВ АЕРОДРОМ
- ИНЕКС ОЛГИЦА
- ЖИТО ЛЕБ
- ОПШТИНА ОХРИД
- ЛТХ ЛЕАРНИЦА
На турнирот ќе бидат доделeни пехари и медали за првите три најдобро пласирани екипи, најдобар голман и најдобар стрелец.
Целта на турнирот е промоција на спортот, спортскиот дух и соработката меѓу локалните компании и институции. Оваа година турнирот е со локален карактер, а во иднина постои можност истиот да прерасне во регионална бизнис лига, велат организаторите.
Г.М.













