Завршниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП во ракомет што во 2008г. ќе се игра во Норвешка, нашата машка ракометна репрезентација ќе го одигра во Охрид на 17 јануари.

Како што дознаваме за натпреварот кој ќе одлучува за првото место на табелата, во правата фаза во продажба ќе бидат пуштени 2.500 карти. Се очекува картите на продажните места да се најдат уште денеска.

Во очи натпреварот финишираат и декоративните зафати во салата “Билјанини извори“ која за средбата Македонија – Србија ќе блесне во нов сјај.