За 18-ти овој месец е закажана седницата на која се очекува да бидат потврдени оставките на пратениците на СДСМ, јавува „Прес24“.

Оваа информација на денешната седница на Комисијата за избори и именувања ја потврдил охридскиот пратеник, Александар Николовски.

Инаку, на 19-ти јуни ќе се одржи седница, на која пратениците ќе гласаат за составот на новиот кабинет на Груевски.

OhridNews

извор: „Прес24“