Како што информираат од Општинската изборна комисија, во законски утврдениот рок кој заврши на 16- ти февруари во 24 часот, поднесени биле 4 листи со кандидати за градоначалник на општина Охрид и 11 листи со кандидати за членови на советот на општина Охрид.

Од коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ предложен кандидат за градоначалник е д- р Никола Бакрачески, Социјалдемократската унија ќе го подржи кандидатот м- р Васил Ристески, кандидат на Социјалдемократската партија на Македонија е Александар Митрески, и од ДПА Фетах Елмаси.


Од страна на политичките партии поднесени се вкупно шест листи со кандидати за членови на советот.

– Носител на поднесената листа од коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ е д- р Јованка Точко, на листата од Социјалдемократска унија- Ристо Шокароски, Демократска обнова на Македонија- Лета Филипова, листата на Демократската унија за интеграција ќе ја предводи Мустафа Џафер, Демократска партија на Албанците- Васфи Доко и носител на поднесената листа од партијата Национална демократска преродба е Агрон Речи, информира претседателката на ОИК Марика Костадиноска.

Како што е познато, претходно од страна на група избирачи беа поднесени пет листи со кандидати за членови на советот чии носители се: Павел Попоски, Љупчо Настоски , Александар Станкоски, Кујтим Усеини, Зоран Стевоски.

Поднесените листи се доставени до Комисијата за верификација на факти и од 22 феврари потврдените листи ќе се достават до ДИК за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати.

Во општина Охрид ќе се гласа на 72 избирачки места.

Т.К.