Доколку обавувате самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не сте во состојба да водите деловни книги или водењето на деловните книги ви го отежнува вршењето на дејноста, имате право да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2016 година да го плаќате според паушално утврден нето-приход,информираат од Управата за јавни приходи.

Барањето да се поднесе до даночната канцеларија на УЈП, според живеалиштето на даночниот обврзник.

За да се стекнете со право за паушално оданочување за 2016 година, покрај тоа што треба да го поднесете барањето најдоцна до 31 декември 2015 година, треба задолжително да ги исполнувате и следните услови:да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари);да не вработувате други лица;во дејноста да не вложуваат и други лица; и да остварувате нето годишен приход од вршење на дејност до две годишни просечни плати.

OhridNews