На 59-годишната германка хирурзите од главата и го отстраниле моливот кој скоро цел живот и предизвикувал главоболки и крварење од носот, пишува весникот „Билд“

Маргарет Вегнер се сеќава дека се повредила кога имала четири години. „Моливот помина низ мојата кожа и исчезна во главата“-раскажала Маргарет.

За нејзина среќа моливот не погодил ниту еден витален дел на мозокот. Во времето кога тоа се случило, никој не се осудувал да ја оперира, но модерната технологија им овозможи на докторите да го отстранат моливот.

Најголем дел од моливот, долг околу осум сантиметри, бил изваден во текот на операцијата на една приватна клиника во Берлин, но два сантиметри долгиот врв потполно бил сраснат и хирурзите не успеале да го отстранат.

beta