По повод празникот Свети Стефан, во истоимениот манастир во близина на Охрид, утре и задутре, втор и трет ден Божиќ, ќе се одржат богослужби..
На 8 јануари, недела, ќе има вечерна богослужба со почеток во 16 часот, додека на 9 јануари, понеделник, ќе има утрена литургија во 7.30 часот, информира свештенството на манастирот Св. Стефан.
Од манастирот ги покануваат верниците на одбележување на празникот Св. Стефан.
Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци. Во поново време реконструиран е надворешниот дел на манастирот, изградена е нова камбанарија на местото на старата, како и нови конаци.
Г.М.