На меѓународниот аеродром во Чикаго пронајден бил мал алигатор, сооопштиле локалните власти. Алигаторот, долг околу 30 сантиметри, бил пронајден под подвижните скалила од страна на еден од вработените на аеродромот.

Ветеринарите кои се грижат за алигаторот велат дека е во прилично лоша состојба и дека се обидуваат да му го повратат здравјето. Инспекторите од полицијата сеуште не утврдиле колку долго животното било на аеродромот и како воопшто се нашло таму.