На Граничниот премин „Ќафасан“, вчера, од слобода било лишено 32-годишно лице од Албанија.
Како што информираат од МВР, при извршена проверка било констатирано дека лицето се наоѓа на стоп-листа со мерка „апси“, по барање на Интерпол Германија.
Приведеното лице било предадено во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
OhridNews