Поради неплатени сметки за струја, ЕВН ја исклучи струјата во соблекувалните на охридскиот второлигаш кој деновиве работи алтернативно на агрегат. Еден од аспиранатите за влез во Првата лига ќе мора ден поскоро да го реши овај новонастанат проблем, со цел тренизите и подготовките за финишот од сезоната непречено да се реализират.


Работиме импровизирано, но нема откажување на тренинзите. Се работи за долг кој е “натрупан“ подолго време, ние остваривме контакт со охридската подружница на ЕВН за а поставување на ново броило по кое во иднина ние како Охрид 2004 ќе си ги покриваме направените трошоци – велат од охридскиот клуб.


Охрид 2004 по одиграните седум рунди, се наоѓа на второто место на табелата, а наредниот викенд ќе игра против лидерот Миравци. Поради санацијата на теренот на “Билјанини Извори“, охриѓани доста веројатно ќе пречекаат Миравци во Струга на теренот на Караорман.

М.П.