Во древниот амбиент на Античкиот театар во Охрид викендов се одржа свaдбен коктел со кој младенците, успешни деловни луѓе кои живеат во Лондон, и пријателите кои ги имаше од целиот свет го прославија склучувањето на бракот. Свадбениот коктел се одржа специјален шатор поставен на Античкиот театар, со  внимателно избрана музика, културен перформанс и интересен дрес-код.


Веселбата на Античкиот театар била одобрена од Управата за   заштита на спомениците на културата, бидејќи младенците понудиле интересна програма, и  поради тоа што вакви настани  се организирале насекаде во светот.



Вчера младенците и нивните гости беа на крстарење до Св. Наум со бродот „Галеб“ на кој експресно му беше издадена времена дозвола за пловидба со важност до крајот на октомври. Сопствениците на другите бродови  кои се уште се закотвени на градското пристаниште се збунети и сметаат дека државата селективно дава времени сертификати за пловидба и дека тоа е направено со интервенција на високи владини функционери. Тие бараат да имаат еднаков третман како  бродот „Галеб“ за да фатат барем малку од сезоната на конгреси и семинари која е во тек.

OhridNews