В сабота на 20 март, во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе се одиграат мечевите од 20-та рунда во шампионатот.
Поради отстранувањето на Вардар Форино, во Втората лига-запад останаа непарен број на екипи, што значи дека една екипа е слободна. Во 20-та рунда одмара составот на Охрид.
Конкурентите на Охрид за втората позиција на табелата која води во баражот за влез во Првата лига, Велешта и Гостивар ги очекуваат незгодни гостувања кај Тетекс односно Дрита, кои водат грчевите борба за опстанок.
Токму тие две пресметки се едни од најинтересните, бидејќи бодовите им се потребни на четири екипи. Домаќините во борбата за опстанок, додека гостите во битката за баражот.
Мечевите се играат в недела, во 15 часот.
- Двојки и судии:
Кораб – Велазерими (Дени Лековски/Битола)
Дрита – Гостивар (Марјан Ецкоски/Охрид)
Тетекс – Велешта (Димитар Пилешков/Штип)
Кадино – Скопје (Дејан Јакимовски/Скопје)
Охрид слободен
Табела: Скопје 44, Велешта 37, Гостивар 36, Охрид 35, Кораб 25, Велазерим 23, Кадино 19, Тетекс 15, Дрита 13, Вардар Форино откажан
OhridNews