10 000 пензионери од земјава во идниов период, ќе можат да ја искористат бесплатната услуга бањско-климатска рекреација. За услугата, во чиј аранжман се опфатени шест полни пансиони, пензионерите ќе можат да се пријават до 14-ти февруари.

Според Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, зголемениот интерес кај оваа категорија граѓани, придонела за продолжување на сорбатката.

Во претходните години, бројот на поднесени барања покажува дека пензионерите го подржуваат овој проект. Преку него, оваа категорија граѓани можат бесплатно да остварат  шест полни пансиони, бањска терапија, здравствен преглед и трошоци за превоз, додека оние кои користат паричен надоместок за помош и нега од друго лице, имаат право со себе да понесат  и придружник.“ – изјави Ристовски.

Инаку, од ресорното министерство информираат дека лицата, кои бесплатната услуга ја искористиле во изминативе три години, нема повторно да бидат вклучени во проектот.

OhridNews