10 000 пензионери од земјава во идниов период, ќе можат да ја искористат бесплатната услуга бањско-климатска рекреација. За услугата, во чиј аранжман се опфатени шест полни пансиони, пензионерите ќе можат да се пријават до 14-ти февруари.

„Во претходните години, бројот на поднесени барања покажува дека пензионерите го подржуваат овој проект. Преку него, оваа категорија граѓани можат бесплатно да остварат шест полни пансиони, бањска терапија, здравствен преглед и трошоци за превоз, додека оние кои користат паричен надоместок за помош и нега од друго лице, имаат право со себе да понесат и придружник.“ – изјави Ристовски.
Инаку, од ресорното министерство информираат дека лицата, кои бесплатната услуга ја искористиле во изминативе три години, нема повторно да бидат вклучени во проектот.
OhridNews












