Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата,освен на граничните премини Богородица и Табановце каде времето на чекање е околу 30 минути.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Поради сообраќајна незгода на патниот правец А3 Штип – Кочани, кај м.в. Подлошка, сообраќајот е во прекин.

OhridNewes