На планинските премини Ѓавато И Буково поради големи наноси на снег
сообраќајот се одвива отежнато, информираат од АМСМ. Граѓани кои попладнево патуваа преку овој патен правец, за OhridNews изјавија дека снегот не е расчистен, имало и заглавени возила, а се случила и една сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила со грчки и албански регистарски ознаки
Поголема внимателност се препорачува и на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар,
Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на
одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Инаку врнежи од снег има во западниот и југозападниот дел од државата. Во останатиот дел од од државата сообраќајот се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд.