Деновиве на булеварот „Туристичка“, на излезот од градот, засадени беа нови садници јасен и јавор, на местото на стариот дрворед кој беше исечен на почетокот од годинава при реконструкцијата на тротоарите од двете страни на сообраќајницата, со образложение дека ја оштетил подземната инфраструктура која беше целосно заменета. Интересно е тоа што стариот дрворед исто така беше од јасен и јавор.

Дождот кој деновиве интензивно врне во Охрид е добредојден за младите дрвца, кои на почеток ќе треба да се наводнуваат рачно бидејќи при реконструкцијата на тротоарите не беше поставена соодветна инсталација за наводнување.

OhridNews