Кај чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез не се чувствува никаква промена, откако палката во клубот од Олд Трафорд ја презеде Оле гунар Солскјаер. Норвежанецот внесе свежа крв во екипата, а успеа да го разбуди и Ромелу Лукаку, кој постигна четири голови на последните два натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед.

Алексис Санчез кој се уште ја бара формата, неможе да крена глава ниту од повреди. Чилеанецот на мечот со Саутемптон кој „ѓаволите“ го добија со 3-2 поради повреда на коленото предвреме го напушти натпреварот. Првичните испитувања не се воопшто позитивни за Алексис Санчез кој најмалку ќе паузира шест недели.

Солскјаер го загуби офанзивниот фудбалер за клучниот дел од сезоната и борбата за што подобро место на табелата во Премиер лигата, трофејот во ФА Купот и дуелот со ПСЖ во ЛШ, кој на програмата е утре со почеток во 21 часот.

Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед пристигна како големо засилување од Арсенал, но со досегашните претстави не успеа да ги повтори блескавите настапи во дресот на „топчиите“.

OhridNews