Шпанскиот клуб Реал Сосиедад го разреши од функцијата тренер на екипата шкотскиот стратег Дејвид Мојс по очајниот старт во Ла Лига.
„Сино белите“ по 11 одиграни натпревари во Примера имаат само две победи и со девет бодови се наоѓаат на 16-та позиција на табелата.
За Мојс ова е втора не успешна авантура откако исти дури и полош учинок имаше на Олд Трафорд во редовите на Манчестер Јунајтед.
По отказот од Реал Сосиедад името на Мојс се споменува со Астон Вила и Њукасл кои имаат лош старт во Премиер лигата.
Ohridnews











