На денешен ден во 1936 година во селото Велгошти, Охридско, роден е Живко Чинго, македонски раскажувач, романсиер и драматург.

Неговите збирки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“, драмите „Образов“, „Ѕидот, водата“ и други, му овозможиле едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература.

Умрел во Охрид, на 11 август 1987 година.

Денес во атарот на црквата „Св. Петка“, во организација на Општина Охрид, ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

OhridNews