На 25 март во 1860 година, пред 165 години на традиционалниот конкурс за поема, што се одржал во Атина, македонскиот поет Григор Прличев добил Ловоров венец за поемата „Сердарот“ и бил прогласен за втор Хомер.

Нашата Библиотека, заедно со Општина Охрид во чест на овој светол настан од животот на Прличев во петок на 28 март организира промоција на збриката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак. Промотри ќе бидат проф. д-р Кристина Николовска и м-р Милчо Јованоски Промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на библиотеката со почеток во 13 часот, информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Прличев е роден во Охрид, на 30 јануари 1830 година. Починал на 6 февруари 1893 година во Охрид и останал еден од темелните македонски преродбеници и писатели од 19 век.
OhridNews











