На денешен ден почина охридскиот кујунџија Вангел Деребан
10.09.24 09:18
На 93-годишна возраст во Охрид на 10.09.2013 почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии. Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколку вековната семејна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство.
Во филигранот на Дерабан се вградени национални белези и во него пулсираат исконските дамари на македонската стара цивилизација. Тој беше синоним за македонскиот филигран и во неговиот дуќан дишеа охридското и македонското кујунџиство од турско време.
За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид.
На местото каде некогаш се наоѓаше работилницата на мајсторот Вангел Деребан во срцето на охридската чаршија e отворен музеј посветен на филигранот, со поставка на филигрански алат, место каде се презентира културното богатство сочувано од семејството Деребан.
Во присуство на голем број членови на Српското друштво „Коштана“ и гости, меѓу нив и почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев и градоначал...
Италијанската кујна деновиве ги обедини љубителите на добрата храна во ресторанот (летна бавча) „Канео“ во Охрид, препознатлив по уникатниот стил и понуда Изминатите два дена гостин во креативната ...
Општина Охрид ќе постапи согласно дадените препораки од Државниот завод за ревизија во врска со извештајот изготвен врз основа на ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласен...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.