На денешен ден роден е охридскиот уметник Вангел Наумовски
22.03.25 09:22
Охридскиот уметник Вангел Наумовски е роден во охридското село Скребатно на 22 март 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град Охрид во 1954 година. Потоа следувале нови изложби, награди и признанија.
Првпат во странство Наумовски се претставил во 1961, додека во 1967 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое на изложба во 1969 година му ја доделува наградата „Свадбен венец“. Истата година од градот Охрид ја добива наградата за сликарство „Седми ноември“ и тој почнува да се занимава исклучиво со сликарството како слободен уметник.
Во 1974 година, Наумовски е награден со Гран при за сликарство од Колекцијата „Винстон” во Женева, ја добил и наградата за сликарство „Нерешки мајстори” на ДЛУМ, а во 1979 година станал член на Италијанската академија за ликовни уметности (Academia Italia de belle Arti e del Lavoro), од каде што е номиниран и за академик. Во Италија е награден и со „Награда на Италија“ (Premio d’ Italia) во 1980 година. На првото Биенале на југословенската самоука ликовна уметност во Светозарево во 1981 година добил Откупна награда, а во истата година и Награда за цртеж од Музејот на современа уметност во Скопје. Во 1984 година италијанскиот Центар за студии и истражувања на нациите (Centro Studi e Ricerche delle Nazioni) му доделува „Светска награда за култура“ (Premio Mondale della Cultura) и „Статуа на победата 1984“ (Statuata della Vittoria 1984), a Европската академија од Италија наградата „Европско знаме на уметноста” со златен медал.
Наумовски има остварено над 30 самостојни и 100-тина групни изложби низ сите центри на модерната уметност како Париз, Рим, Лондон и Њујорк… а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот.
На иницијатива на ЛК Лихнидос плоштадот кај мини маркет го носи името на големиот охридски уметник Вангел Наумовски. Младите од Охридскиот архитектонски колектив „Архрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, со поддршка на ЛК Лихнидос, ЛК Охрид, Кармен Бауцентар и уметничката галерија „Букефал“, на источната страна од зградата на плоштадот кај Мини маркет насликаа голем мурал посветен на Наумовски.
Вангел Наумовски починал на 13 јуни 2006 година во Охрид.
Фудбалерите на Охрид Лихнидос попладнево забележаа висока победа во заостанатиот натпревар против Големо Коњари на гости 0:9 Стрелци на головите за Охрид беа Иван Глигоров кој постигна хет-трик, на...
Во организација на локалната самоуправа денеска во Охрид се одржа работилница за Локална мобилизација и Форум за Западен Балкан Настаните се во рамки на проектот „RECIRCLE MED“, кој се имплементира...
На Меѓународниот ден на лицата со попреченост директорката на СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо” Струга, Бесиме Јонузи, наградена за посебни достигнувања во инклузивното образование на настанот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.