На денешен ден во 916 година во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква.

Роден бил околу 830 – 840 година.

Ликот и делото на Св. Климент се чествуваат во август, како и во декември кога градот Охрид го одбележува празникот на својот заштитник.

OhridNews